Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за петтото коло од Лигата на шампионите, кое е на програмата викендот на 19 и 20 октомври.
Вардар ќе му гостува на Веспрем во Унгарија, додека ракометарите на Еурофарм Работник ќе играат на домашен терен против Татран Прешов.
На дуелот меѓу Вардар и Веспрем, што ќе биде реприза од финалето на Ф4 турнирот во Келн и ќе се одигра на 19 октомври од 17:30 часот, делегирани се француските арбитри Стеван Пишов и Лоран Ревеје, додека делегат е Данецот Оле Петерсен.
На дуелот меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов, кој ќе се игра на 20 октомври од 17:00 часот во Битола, правдата ќе ја делат полските арбтри Бартош Лесчински и Марцин Пиечота, додека делегат ќе биде Јован Попадиќ од Србија.