Тимот на Еурофарм Работник денеска го игра петтиот натпревар од регионалната СЕХА лига на гостувањето кај белорускиот првак Мешков Брест. Избраниците на Стевче Алушовски ќе имаат тежок испит во салата „Викторија“.
„Не е лесно да се играат пет натпревари во две седмици со многу патувања, но подготвени сме за натпреварот со Мешков Брест. Јас имам проблеми со повредени и уморни играчи, но мотивацијата да се игра со белорускиот шампион е на високо ниво. Освен Стјепановиќ, сите други што ќе играат се надевам дека ќе го дадат својот максимум и ќе се обидеме да го изненадиме Мешков Брест“, изјави Алушовски.
Натпреварот меѓу Мешков Брест и Еурофарм Работник се игра денеска со почеток во 17:15 часот во салата „Викторија“.