ИМПОЗАНТЕН РЕКОРД: Дуелот меѓу Вардар и Пекинг го гледале повеќе од 700.000 луѓе!

Македонскиот, европскиот и СЕХА шампионот Вардар, го има рекордот за најгледан натпревар во регионалната конкуренција, откако постои ова натпреварување. Овој податок го откри Синиша Остоиќ, директорот на СЕХА лигата.

„Сакам да истакнам дека СЕХА нема алтернатива на овие простори и константно ја шириме на далечни пазари. Што тоа ни донесе? Ќе откријам само еден податок. Првиот натпревар на кинескиот клуб во СЕХА, Пекинг против Вардар, го следеа 700.000 луѓе, што досега беше незамислив податок“, изјави Остојиќ.

Вардар во првото коло од регионалната конкуренција забележа убедлива победа над Пекинг Спорт со 37-23 во СЦ „Јане Сандански“.