Ракометарките на Деспина од Прилеп ја забележаа првата сезонска победа во Женската лига, откако славеа на домашен терен против Овче Поле СУ со 24-16.
Гостинките од Свети Николе одржуваа рамнотежа во првиот дел кога беше 11-10, но во вториот дел постигнаа само шест погодоци и немаа шанси да стигнат до позитивен резултат.
Домаќинките по 13-12 на стартот на второто полувреме ја направија клучната серија и зголемија на 19-12, па до крајот беше лесно да се одржи стекнатата предност.
Најдобри стрелци кај победничкиот тим беа Елена Рипилоска со осум голови, а по четири постигнаа Јовеска и Цветкоска, додека кај Овче Поле се истакна Вучевска со пет погодоци.