Вториот натпревар од 5. коло во Суперлигата, меѓу Работнички и Металург што требаше да се игра во СРЦ „Кале“, не се играше во предвидениот термин.
Причината е тоа што домаќинот не обезбеди медицинско лице. Се чекаше половина час, па делегатот Камер Металари донесе одлука мечот да биде одложен.
Дуелот меѓу повратникот во најдобриот шампионат и некогашниот првак на Македонија ќе се игра в понеделник, од 14:00 часот.
Домаќинот ќе мора да плати и парична казна од 15.000 денари на Ракометната федерација на Македонија поради слабата организација.