Тимот на Македонија Ѓорче Петров го совлада убедливо составот на Риниа со 38-29 и ја забележа третата победа во серија во групата 1 од Првата лига.
Во финишот на овој меч, иако се знаеше дека домаќинот ќе слави побеќе од убедливо, страстите на теренот се разгореа, па во 59 минута петмина ракометари добија црвени картони.
Александар Ѓорѓевски, Мартин Димовски, Стефан Добревски од Македонија ЃП, како и Беким Туша и Афет Сејди од Риниа добија суспензии од Дисциплинската комисија во РФМ.
Сите петмина ќе мора да паузираат по еден натпревар од Првата лига и ќе ги пропуштат дуелите на нивните екипи викендов.