Првостепената дисциплинска комисија на РФМ, врз основ на нејзиниот Статут и Дисциплинскиот правилник, изрече казна по завршувањето на натпреварите од 3. коло во машката Суперлига.
Битолски Пелистер, поради слаба организација на натпреварот со Охрид, кој го загуби со 19-25 е казнет со 20.000 денари.
Од билтените на Ракометната федерација на Македонија, треба да се издвои и казната на ракометарот Стефан Димевски од Борец, кој на дуелот со Аеродром од 2. коло во група 2 од Првата лига доби црвен картон.
Поради тоа, Димевски ќе биде надвор од стројот на велешкиот тим во следните два натпревари.