Нема време за славење, Еурофарм Работник на нови тешки испити во СЕХА

Откако ја забележаа најголемата победа во клупската историја, ракометарите на Еурофарм Работник нема да имаат премногу време за славење.

По триумфот над Веспрем, „фармацевтите“ сега ги очекуваат уште два тешки испити и гостувања во рамките на СЕХА лигата.

На 5 октомври со почеток во 19:00 часот, избраниците на Стевче Алушовски, ќе се соочат со Загреб и Веселин Вујовиќ, а на 8 октомври ги чека и далечно гостување до Белорусија, каде ќе играат со Брест Мешков.

Напорите нема да завршат тука, бидејќи по враќањето од гостувањата во СЕХА, на 13 октомври, Еурофарм дома ќе игра со финскиот Кокс, во обид да ја забележи првата победа во Лигата на шампионите.