87 ракометари на собир, во Автокоманда ќе има изборен тренинг на пионерската репрезентација

Во недела со почеток од 10:00 часот во спортската сала Автокоманда ќе се одржи изборен тренинг, односно собир на машката репрезентација – генерација 2008/09.

За овој собир се повикани дури 87 ракометари од сите македонски клубови, а ќе биде присутен селекторот на сениорите Кире Лазаров и стручните штабови на младинските селекции.

Првиот филтер веројатно ќе го минат половина од овие ракометари, а првите официјални натпревари оваа генерација на ракометари би требало да го има во 2026 година во квалификациите за ЕП.

Дотогаш ќе бидат дел од лигашките натпреварувања на Ракометната федерација, а веројатно најдобрите ќе добијат шанса да се натпреваруваат и во категорија.