37 тима се пријавија за Лигата на Европа, Бабиќ и Подравка ќе мораат низ квалификации

За новата сезона во второто по ранг клупско европско натпреварување, Лигата на Европа, се пријавија 37 тимови.

Според рејтингот на ЕХФ, четири тима – Икаст Хернинг од Данска, Дебрецин од Унгарија, Париз од Франција и Молде од Норвешка се пласираа директно во групната фаза, додека другите 33 тима ќе играат квалификации.

Три тима што лани играа во Лигата на шампионите, сега ќе бидат дел од Лигата на Европа, меѓу нив и Подравка од Хрватска, која во новата сезона ќе биде предводена од екс стратегот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ

18 клуба ќе играат во второто квалификациско коло, на 8/9 октомври и 15/16 октомври, а деветте победници одат во трето квалификациско каде ги чекаат други тимови.

Лига на Европа, второ коло:

шешир 1: Јаликавак (Турција), Плзен (Чешка), Бјеловар (Хрватска), Хипо (Австрија), Инџија (Србија), Турингер (Германија), Малага (Шпанија), Лублин (Полска), Шпоно Иглс (Швајцарија)

шешир 2: Далматинка (Хрватска), Олденбург (Германија), Шамбре Турен (Франција), Шиофок (Унгарија), Брул (Швајцарија), Никобинг (Данска), Фана (Норвешка), Гран Канарија (Шпанија), Глорија Бузау (Романија)

Лига на Европа, трето коло:

шешир 1: Вац (Унгарија), Безансон (Франција), Виборг (Данска), Мошонмаѓаровар (Унгарија), Подравка (Хрватска), Боорусија Дортмунд (Германија), Сола (Норвешка), Валчеа (Романија), Нант (Франција), Савехоф (Шведска), Букстехуде (Германија), Магура Чиснадие (Романија)

шешир 2: Заглебје (Полска), Бера Бера (Шпанија), Хоррс (Шведска) + девет победници од второ коло