30 секунди, три напади, две одбрани и ниту еден гол (ВИДЕО)

Репрезентациите на Србија и Хрватска одиграа одличен натпревар со многу боррба, а победата им припадна на Хрватите кои славеа со 23:20.

Се играше многу брзо на двете страни со брзи реализации, но и фантастични одбрани на голманите, а особено возбудливи беа триесетина секунди во почетната фаза на второто полувреме.

Србите имаа напад, експресно изградија добра позиција за Марсениќ, но голаманот на Хрватска одлично одбрани, следуваше брза контра, но и таа не ја реализираа Хрватите. За неколку секунди Србија повторно беше пред голот на Хрватска, но Шуњиќ уште еднаш одбрани.

Погледнете!