Македонија со две измени против Холандија

Македонија од 18 часот го игра вториот натпревар на Светското првенство во ракомет за мажи. Овојпат противник е репрезентацијата на Холандија, екипа која не е во кремот на европскиот ракомет, но сигурно високо котира меѓу оние репрезентации со високи амбиции.

Во групата Ф во Краков, Полска, селекторот Лазаров ги одбра истите ракометари од првиот натпревар со Норвешка, со две разлики во ростесот. Левиот бек Павле Атанасијевиќ ќе го менува Костадин Петров, а десниот бек Давид Савревски е принудното решение за повредениот Томислав Јагуриновски.

Повторно на голот се Митревски и Томовски, десно крило Костески и Ѓоргиевски, на централен бек Ѓоргиев и Кузмановски, на лево крило Манасков, овојпат на левата бековска позција на Џонов, Талески и Младеновиќ ќе им се приклучи Атанасијевиќ, на десната страна се Серафимов и Савревски, а пивотменската позција ќе се покрие со триото Пешевски, Никола Марковски и Марко Стојковиќ.

Составот на Холандија ќе го предводат Стеинс и Смитс.