13 африкански репрезентации во борба за СП 2023

Во периодот од 9 до 19 ноември, паралелно со ЕП во Македонија, Словенија и Црна Гора, ќе се одржи Африканското првенство во женска конкуренција.

Домаќин ќе биде престолнината на Сенегал, Дакар и ќе учествуваат вкупно 13 репрезентации.

Најдобрите четири репрезентации од Африканското првенство ќе обезбедат мундујалски билет за Светското првенство 2023, кое треба да се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Актуелен бранител на титулата е репрезентацијата на Ангола, која со репрезентацијата на Тунис се најголемите фаворити за првото место.

група А: Ангола, ДР Конго, Алжир, Зеленортските Острови

група Б: Тунис, Конго, Гвинеја, Мароко, Египет

група Ц: Камерун, Сенегал, Мадагаскар, Брегот на Слоновата Коска

Африканското првенство ќе стартува со натпреварот меѓу домаќинот, Сенегал и репрезентацијата на Мадагаскар.