🔴ВО ЖИВО🔴 Шпанија – Македонија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024.

Избраничките на Кристијан Грчевски повторно ќе се соочат со Шпанија, овојпат на гостински терен.

Искусните репрезентативки на Шпанија на првата средба во Скопје славеа со 31:19 и сосема извесно ќе го освојат првото место во квалификациската група.

Натпреварот меѓу Шпанија и Македонија ќе се одигра со почеток од 18:00 часот, а може да го гледате ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.