🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Германија

Машката репрезентација на Македонија денес ќе го има вториот предизвик на Европското првенство 2024.

Втор ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде репрезентацијата на Германија, која во првото коло славеше над Швајцарија.

Македонија на првиот натпревар на континенталниот собир загуби од Франција и во денешниот дуел со домашната репрезентација ќе се обиде да остави добар впечаток.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 20:30 часот.

Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

Натпреварот ќе може да го проследите и преку ЕХФ ТВ, односно на следниов ЛИНК.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.