🔴ВО ЖИВО🔴 Франција – Македонија

Денеска во Германија ќе стартува Европското првенство 2024 во машка конкуренција.

Континенталниот собир ќе биде отворен со натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Франција.

Актуелниот олимписки шампион е голем фаворит против „црвено-жолтите“, но избраниците на Кире Лазаров ќе дадат сѐ од себе за да се покажат во добро светло.

Натпреварот меѓу Франција и Македонија ќе се одигра на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф со почеток од 18:00 часот.

Пренос ќе има на првиот и третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

Натпреварот ќе може да го проследите и преку ЕХФ ТВ, односно на следниов ЛИНК.

*линкот на ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори.