🔴ВО ЖИВО🔴 Еурофарм Пелистер – ПСЖ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес им се враќаат на обврските во Лигата на шампионите.

Пелистерци во натпревар од 11. коло на свој терен ќе бидат домаќини на најбогатиот европски клуб ПСЖ, кој во Битола ќе пристигне со неколку ракометари, кои со Франција го освоија златото на Европското првенство во Германија.

Избраниците на Бранко Ангеловски по победата над Вардар во домашниот шампионат, сигурно ќе бидат уште помотивирани и ќе се обидат во дуелот со францускиот клуб да дојдат до изненадување.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.

Пренос од овој дуел ќе има на МТВ и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.