📷Дербито кај дамите заврши без победник

Дерби дуелот во 16. коло од Женската лига меѓу екипите на Ѓорче Петров и Металург Автокоманда заврши без победник, 25:25, откако во финишот од дуелот новакот дојде до пресврт и направи возбудлива завршница. Голот за реми го постигна ракометарката на Металург Автокоманда, Марија Гугуљанова, на речиси една секунда пред крајот.

Првото полувреме даде до знаење дека ќе не очекува интересен втор дел, со оглед на тоа што двете екипи играа променливо. Ѓорче Петров тргна според посакуваното, се одлепи на 5:2 во воведниот дел, потоа во 20 минута дојде до максималните четири гола предност, 8:4, и тука како да застанаа домаќинките.

Кризата во домашниот табор беше искористена од страна на гостинките, па така Металург Автокоманда постигна четири гола во низа и на три минути пред крајот од првиот дел израмни на 8:8. Избраничките на Симе Симовски речиси седум минути беа без реализација, кризата беше прекината со голот на Коларовска, која на својот тим му донесе предност од 9:8.

Новакот во Женската лига имаше шанси и за првпат да поведе, но домаќинките не дозволија да има целосен пресврт на натпреварот. Во последната минута двете екипи реализираа по еднаш, па така по 30 минути игра резултатот беше 10:9 во корист за домашниот тим.

Второто полувреме започна со два гола на домаќинките, кои се одлепија на 12:9, беа во можност да зголемат и на четири позитива при предност од 14:11, но голманката Терзиќ не дозволуваше лесно да биде совладана. Во 40 минута предноста на Ѓорче Петров беше 15:12, додека пет минути подоцна, односно во 45 минута, домашниот тим конечно дојде до максималната предност од првиот дел, поведе со 19:15.

При предност на Ѓорче Петров од 21:18, гостинките најавија камбек, најпрво израмнија на 21:21 и со голот на Кралева за првпат поведоа со 22:21. Како што се финишираше во првиот дел, така беше и во финишот, бидејќи на крајот решавачки беше еден шут. Ѓорче Петров во 59 минута израмни на 22:22, следуваа два брзи гола на двете екипи, беше 24:24 на петнаесетина секунди пред крајот, домашната екипа во својот последен напад реализираше за 25:24, а во последната секунда Гугуљанова со својот петти гол му донесе голем бод на гостинскиот тим.

Најефикасна кај Ѓорче Петров беше Анастасија Николовска со 11 погодоци, додека кај Металург Автокоманда се истакнаа Теодора Гулицоска со осум, Михаела Кралева со шест и Марија Гугуљанова со пет погодоци.

Ѓорче Петров – Металург А.

 

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2210213