📷 Романскиот селектор ја пречека македонската експедиција во Браила

По двата лета од Скопје до Истанбул, и од Истанбул до Букурешт, како и патот со автобус од главниот романски град до Браила, македонската експедиција пристигна до конечната дестинација.

Нашите ракометари и стручниот штаб во хотелот ги пречека новиот романски селектор Георге Буричеа.

Македонија и Романија ќе одиграат два пријателски натпревари во рамките на оваа ЕХФ недела.

Првиот ќе биде од затворен тип утре од 17:00 часот, додека оној в сабота од 16:30 часот во салата „Данубиус“ ќе биде отворен за публика, иако засега нема голем интерес и продадени се само стотина билети.