📷 Прилепчани со победничко селфи за „три од три“ во плеј-аутот

Ракометарите на Прилеп на свој терен го совладаа Мулти Есенс со 34:31 во натпревар од 3. коло во суперлигашкиот плеј-аут и сега имаат „три од три“ во борбата за опстанок.

Избраниците на Божидар Мојсов во првото коло триумфираа над Скопје, додека во второто полесно од очекуваното го совладаа Голден Арт и уште на тој натпревар покажаа дека се решени да опстанат во елитата.

Прилепчани сега имаат „три од три“ во борбата за опстанок и доколку продолжат во ист ритам, тогаш и наредната сезона ќе биде дел од најсилната конкуренција во Македонија.

Во следното коло Прилеп е слободен, потоа го очекуваат дуелите со екипите на Куманово, Вардар Неготино, Еурофарм Пелистер 2…

Прилеп чекори кон опстанок, славеше и над дебитантот