📷 Македонија со пад за едно место, сега е 19-та ракометна сила во Европа

По завршувањето на Европското првенство во Германија, Европската ракометна федерација го објави ранкингот на репрезентациите.

Машката селекција на Македонија, според резултатите на ЕП 2022, СП 2023 и ЕП 2024 е рангирана како 19-та во Европа.

Тоа место ни го донесе и вториот шешир за квалификациите за Европското првенство 2026 година што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Споредбено со претходниот ранкинг на ЕХФ објавен во јули минатата година, Македонија има пад за едно место.

Избришани се бодовите од СП 2021, но додадени се оние од ЕП 2024, па иако имаме повеќе бодови вкупно, сепак Австрија по одличното ЕП ја мина Македонија на листата.