🎥Проектилот на Кузмановски против Кил во ТОП 5 голови на колото во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите се соочи со бундеслигашот Кил.

Домашниот тим уште во воведниот дел ја оправдаа фаворитската улога и по 60 минути игра триумфираше со шест гола разлика, 29:23.

За утеха за македонскиот претставник, репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, го имаше најубавиот погодок на одиграниот дуел.

Медиа тимот на ЕХФ го смести проектилот на битолчанецот во ТОП 5 голови на колото во Лигата на шампионите.

Најдобрите пет погодои на 12. коло може да ги погледате на следниот ЛИНК.