Mykola BILYK, Spain vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

🎥Погледнете како Билик и го нанесе првиот пораз на Унгарија на ЕП!

Репрезентацијата на Австрија со победа ја започна борбата за полуфинале на Европското првенство 2024, откако во првото коло од главната фаза во возбудлив дуел славеше над Унгарија со 30:29.

За Унгарија ова беше прв пораз на Европското првенство кое се одржува во Унгарија. Составот на Родригез во првата фаза триумфираше над Црна Гора, Исланд и Србија.

Победничкиот гол за Австрија го постигна Никола Билик, кој воедно беше и предводник во составот на Алеш Пајовиќ, натпреварот го заврши со осум погодоци од 12 удари.

Левиот бек до овој момент зад своето име има запишано 26 погодоци на континенталниот собир, осум погодоци имаше и против Шпанија, седум додаде во дуелот со „коцкестите“, три реализации имаше против Романија.

Австрија со освоената победа над Унгарија дојде до три бода на свое конто и има голема шанса да го направи најголемиот успех, односно да обезбеди пласман во полуфиналето.

Следен ривал на Австрија е домаќинот Германија, потоа следуваат дуелите со Франција и Исланд.

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro)

 

 

 

 

 

Австрија продолжува да сонува полуфинале, ја надигра Унгарија!