🎥Младите „бисери“ на Струга со атракција среде Битола

Ракометарите на Струга во натпревар од 6. коло од плеј-оф фазата очекувано загубија во Битола од Еурофарм Пелистер со 34:23.

Натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“ го одбележа атрактивниот цепелин на гостинскиот табор.

При крајот на натпреварот, по асистенцијата на Матески, Филип Велјановски го постигна својот прв гол.

Двајцата млади и перспективни ракометари минутажата во сениорскиот дрес на Струга ја искористуваат на најдобар начин.

Јулијан Матески во дуелот со актуелниот шампион на Македонија освен што имаше неколку асистенции, постигна и четири погодоци.