🎥 ПСЖ преку Париз и Охрид до Битола, Раул делеше автограми на аеродром

Францускиот првак ПСЖ од синоќа е во Битола, каде денеска ќе се соочи со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

Ракометарите и стручниот штаб по одработениот претпладневен тренинг, заминаа на пат кон Македонија.

Со лет од Париз пристигнаа на охридскиот аеродром околу 18:00 часот, а шпанскиот стратег Раул Гонзалес делеше автограми на вработените.

Околу 20:00 часот експедицијата на ПСЖ веќе пристигна во Битола и имаше доволно време за адаптација и одмор пред натпреварот со македонскиот првак.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.