🎥 Димитриоски го има најубавиот гол на колото во Асобал лигата

Шпанскиот Ваљадолид загуби дома минимално од Уеска со 27-26, а меѓу најдобрите поединци на теренот беше македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски.

Прилепчанецот на дуелот со Хуеска постигна три гола, од кој еден беше атрактивен со вртенка во трк по асистенцијата на Дарко Димитриевски.

Токму атрактивниот гол на Димитриоски беше избран за најубав гол на 16. коло во најсилното натпреварување во Шпанија.

Ваљадолид останува во трка за пласман во ТОП 5 во Асобал лигата, моментално е позициониран на 5. позиција со 17 бодови.