Џабе победата над светскиот првак, Србија на крајот само 13-та на ЕП!

Женската репрезентација на Србија во конечниот пласман на Европското првенство се најде на 13 позиција.

Ова за Србинките е најлош пласман на некој континентален собир по ЕП 2014 во Хрватска и Унгарија, кога заврши на 15 место.

По завршувањето на првата фаза познат е пласманот од 13 до 16 место. По Србија следуваат Полска, Чешка и Словенија.

Последните две селекции не освоија ниту еден бод, но Словенија има полоша гол разлика од Чешка.

Победата на Србија над актуелниот светски првак Холандија нема голема важност, со оглед на тоа што избраничките на Љубомир Обрадовиќ паднаа на решавачкиот испит со Хрватска.