Џабе одличната партија на Дибиров, Ал Ахли преку Загреб до трофеј на турнирот во Добој!

Тимот на Ал Ахли од Египет е новиот освојувач на трофејот на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Избраниците на Даниел Гордо славеа над хрватскиот шампион Загреб со 28-27, а на полувреме водеа со 13-9.

Дибиров беше најдобар стрелец кај „плинарите“ со осум гола, додека Жељко Муса даде пет гола, а тренерот Обрван не сметаше на Борозан, Граховац, Кавчич и Мандиќ. Стефан Додиќ постигна два погодока.

Во редовите на египетскиот тим, се истакна новото засилување од Динамо Букурешт, Раул Нантес.