Ќе се рушат рекорди: Натпреварот се игра во февруари, а веќе се продадени 7.000 влезници (ФОТО)

Екипата на Елверум уште отсега почна со продажба на влезници за дуелот против Кил на 17 февруари во Лилехамер во арената „Хаконс“. Во првиот час од продажбата беа купени над 5.500 влезници, а после 24 часа бројката е над 7.000 продадени влезници.

Во Елверум се веќе оптимисти дека би можеле да го срушат рекордот забележан на дуелот против ПСЖ кога на трибините имаше 12.377 гледачи.

„Долго ја чекавме оваа можност. За жал во последно време светот се најде во посебна ситуација, па беше невозможно да се вратиме во арената „Хаконс“. Сега сме крајо оптимисти и верувам дека е време повторно да направиме големи работи во Олимпискиот парк во Лилехамер. Ќе биде фантастичен натпревар, а ќе се погрижиме публиката да има големо искуство пред и после натпреварот. Нашата цел е еднаш засекогаш да го вратиме ракометот на навивачите“, вели директорот на Елверум, Мадс Фредриксен.

Според календарот за одигрување на натпревари ова ќе биде првата средба после паузата за Европското првенство.

Поради ситуацијата со корона вирусот ракометарите не играа во Хаконс арена, но од следната година ќе се вратат во арената која има далеку поголем капацитет и ракометарите можат да имаат поддршка од над 10.000 фанови.