Ќе се најде ли јунак да ги запре Митревски и Порто?

Екипата на Порто каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски оствари гостинска победа кај Агуас Сантас со 26:34.

Порто долго се трудеше да го скрши отпорот на Агуас Сантас, првото полувреме беше многу израмнето и на полувреме тимот на Митревски имаше само еден позитива 13:14.

Сепак фаворитот во продолжението на мечот со добро познатата тактика седум на шест рано направи доволна предност за нов триумф и задржување на максималниот ефект.

Никола Митревски на овој натпревар имаше малку шанса да ги покаже своите квалитети. Неговиот колега Кинтана бранеше во поголемиот дел од мечот, а Митревски на двапати се обиде да одбрани удари од седум метри на противникот, но безуспешно.

Ова беше 19. победа по ред во 19 меча од португалскиот шампионат, а остануваат уште 11 средби за македонскиот голман и соиграчите, од кои потешки се само оние со Спортинг Лисабон и Бенфика.