Ќе одиграат 12 меча за 24 дена во пет држави: Татран Прешов од Веспрем доаѓа во Струга

Словачкиот шампион Татран Прешов ќе има напорно и долго лето со настапи на турнири и пријателски, односно официјални натпревари.

Ракометарите на Прешов на 3 и 5 август ќе играат две средби со Кошице, како и со Тарнов во Полска на 9 август.

Оттаму ќе тргнат на пат за унгарскиот Веспрем, каде ги чека четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига против големиот фаворит на 14 август.

Од Веспрем ќе тргнат за Струга, каде што ќе бидат дел од јубилејното издание на Струшкиот турнир од 16 до 20 август, каде ќе одиграат четири меча за пет дена.

Од Струга заминуваат за Босна и Херцеговина, во Добој, каде што од 23 до 27 август ќе бидат дел од ТВ Турнирот на шампионите и ќе одиграат четири меча.

Сумирано, ракометарите на Радослав Антл ќе одиграат 12 натпревари за 24 дена на подготовките низ пет држави.