Ќе има честење кај вардарци – Ловро Јотиќ не е повеќе ерген (ФОТО)

Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ не се најде на скратениот список на Лино Червар за Светското првенство, но и покрај тоа има причини за радост и славење.

Плејмејкерот на Вардар не е повеќе ерген, откако неговата долгогодишна девојка Јелена Љубичиќ прифати да му стане сопруга.

Јотиќ на социјалните мрежи објави фотографија и се пошегува дека првата понуда во 2018 година Јелена не ја прифатила, но две години подоцна потврдно одговорила на понудата.

Хрватот во Македонија дојде во 2019 година и одигра една сезона во Еурофарм Пелистер, а по неуспешниот обид за трансфер во Бенфика, реши да ја продолжи кариерата во Вардар.