Ќе има свадба кај „фармацевтите“: Петровски не е веќе ерген – актерката Илиевска му стана сопруга! (ФОТО)

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Михаил Петровски од пред неколку дена му кажа збогум на ергенскиот живот.

Петровски, кој меѓу соиграчите е познат како Пинки, ја побара за сопруга својата девојка – популарната актерка Ирена Илиевска.

Романтичното запросување се случи на Малта, каде двојката ги мина Новогодишните празници.