Ќе има нови поместувања во суперлигашкиот распоред – одложени уште шест средби!

Последните проблеми со коронавирусот во составот на Металург, ќе направат голем хаос и во планираниот распоред на суперлигашките средби. На тимот од Автокоманда му остануваат уште шест средби од регуларниот дел до 16 декември.

Сега сите мора да бидат одложени и ќе добијат нови термини поради тоа што металурзи до 16 декември ќе бидат во карантин.

Исто така и Бутел Скопје имаше позитивни случаи, одложени се две средби на овој тим, а тие би требало да се вратат на терен на 10 декември.

Од Женската лига треба да се одиграат уште пет средби, две од нив веќе добија термин и ќе може да се комплетира есенскиот дел. Ќе биде малку посложено да се комплетира есенскиот дел кај мажите до Нова Година, но ќе видиме како ќе се одвивааат работите.

03.дек 18:00 Прилеп Работнички Суперлига, 10 коло
04.дек 17:00 Струга Охрид Суперлига, 12 коло
04.дек 18:30 Пролет Радовиш Суперлига, 12 коло
04.дек 19:00 Јуниор КВ КЛ7 Суперлига, 12 коло
05.дек 15:00 Стружанка Пелистер Женска лига, 6 коло
05.дек 19:00 Тиквеш Еурофарм Пел. 2 Суперлига, 11 коло
06.дек 14:30 Младост Прилеп Суперлига, 11 коло
06.дек 15:00 Кузман Вардар Деспина Женска лига, 7 коло
06.дек 17:00 Охрид Јуниор КВ Суперлига, 13 коло
06.дек 17:30 Радовиш Струга Суперлига, 13 коло
07.дек 19:30 КЛ7 Астраион Суперлига, 13 коло
09.дек 00:00 Астраион Охрид Суперлига, 14 коло
09.дек 00:00 Јуниор КВ Радовиш Суперлига, 14 коло
09.дек 00:00 Струга Пролет Суперлига, 14 коло
10.дек 00:00 Прилеп Тиквеш Суперлига, 12 коло
10.дек 00:00 Еурофарм Пел. 2 Бутел Скопје Суперлига, 12 коло
13.дек 00:00 Бутел Скопје Прилеп Суперлига, 13 коло
13.дек 00:00 Младост Работнички Суперлига, 13 коло
16.дек 00:00 Работнички Тиквеш Суперлига, 14 коло
16.дек 00:00 Прилеп Еурофарм Пел. 2 Суперлига, 14 коло
одложена Пелистер Гевгелија Женска лига, 7 коло
одложена Спартак Пелистер Женска лига, 8 коло
одложена Пелистер Шампион Женска лига, 12 коло
одложена Бутел Скопје Металург Суперлига, 7 коло
одложена Пролет Јуниор КВ Суперлига, 8 коло
одложена Еурофарм Пел. 2 Металург Суперлига, 8 коло
одложена Јуниор КВ Струга Суперлига, 9 коло
одложена Младост Бутел Скопје Суперлига, 9 коло
одложена Бутел Скопје Тиквеш Суперлига, 10 коло
одложена Работнички Металург Суперлига, 11 коло
одложена Металург Младост Суперлига, 12 коло
одложена Тиквеш Металург Суперлига, 13 коло
одложена Металург Бутел Скопје Суперлига, 14 коло