Ќе има мекици кај „фармацевтите“ – голманот Трајкоски стана татко (ФОТО)

Голманот на битолски Еурофарм Пелистер, Благојче Трајкоски, по втор пат стана татко.

Неговата сопруга Викторија, на свет донесе ќерка. Tоа e втора радост во семејството Трајкоски, кои веќе го имаат синот Стефан.

Трајкоски ќе чести мекици кај „фармацевтите“, но тоа ќе се случи по завршувањето на карантинот, во кој се наоѓаат голем број од ракометарите.

Тој имаше одличен настап на првиот официјален натпревар оваа сезона што го одигра Еурофарм Пелистер против данскиот ГОГ Гудме.