Ќе има мекици кај „фармацевтите“: Босанецот Периќ во Битола го доби синот Ивано (ФОТО)

Средниот бек на битолски Еурофарм Пелистер, босанскиот интернационалец Јосип Периќ, првпат стана татко.

Неговата сопруга Кристина го донесе на свет синот Ивано. Периќ ќе чести мекици кај „фармацевтите“, но тоа ќе се случи веројатно по завршувањето на натпреварот против ГОГ Гудме од Лигата на Европа.

Тој имаше одличен настап на двата меча против унгарската Татабања, а веројатно раѓањето на синот ќе биде дополнителна мотивација и за пресметката против данскиот тим.

Лани во Битола, син доби уште еден босански интернационалец од Еурофарм Пелистер, Марин Вегар.