Ќе играат ли Загреб и Нексе на три фронта наредната сезона?

Коронавирусот предизвика прекин во сите натпреврувања ширум Европа, а ова би можело да донесе историска одлука на ракометната федерација на Хрватска. Доколку се одлучи да нема испаѓања, а само најдобрите од Втората лига да се приклучат во најдобрата лига ќе се формира конкурентно натпреварување.

Доколку биде донесена таква одлука, првата лига на Хрватска ќе има 14 екипи, а Загреб и Нексе би играле на три фронта наредната сезона. Со оглед на ростерите кои ги имаат најдобрите два клуба во Хрватска, не би требало да имаат проблем да играат повеќе натпревари во наредната сезона. Играчите кои имаат помала минутажа ќе добиваат повеќе шанса во домашното првенство, а најдобрите состави би играле во регионалната лига и европските натпреварувања.

Моментално водечките во Втората лига Мославина и Трогир би требало да добијат место во најсилната лига. Таквата лига со 14 клубови би донела првенство со 26 кола што би било можност за олеснување на распоредот. Ова сигурно би донело и заинтересираност кај ТВ куќите кои би продолжиле да го следат првенството.