„Ќе дојдеш утре и ќе ми бараш повисока плата, е*и се…“ (ВИДЕО)

Поранешниот селектор на женската репрезентација на Романија и актуелен тренер на Залау, Георге Тадичи повторно се однесуваше недолично кон неговите ракометарки.

На натпреварот од романскиот шампионат меѓу Залау и Валчеа, на кој славеше Валчеа со 32:25, Тадичи упати дузина навреди кон една од ракометарките, поради лошата игра против некогашниот европски гигант.

,,Ќе дојдеш кај мене утре и ќе бараш зголемување на платата за 50%. е*и се.. , по ѓаволите со тебе денес и утре”, речеТадичи на една од ракометарките на Залау.

Ваквото однесување на познатиот тренер од Романија не е воопшто за изненадување. Минатата година поради навреда кон неговите ракометарки за време на тајм-аут, ракометната федерација на Романија одлучи да го казни со парична сума од 200 евра и суспензија од осум натпревари.

СКАНДАЛ во Романија – Тадичи ги загуби нервите, нападна ракометарка среде натпревар (ВИДЕО)