СКАНДАЛ во Романија – Тадичи ги загуби нервите, нападна ракометарка среде натпревар (ВИДЕО)

Поранешниот селектор на женската репрезентација на Романија и актуелен тренер на Залау, Георге Тадичи, во овие два дена е на мета низа негативни критики од страна на романските медиуми поради неговиот непрофесионален однос на ракометните терени.

За време на натпреварот помеѓу екипите на Залау и Валчеа, во текот на првото полувреме, тренерот Георге Тадичи ги загуби нервите и се однесуваше недолично кон ракометарката, Александра Врабие, која по исклучувањето од две минути мораше да се пресели на клупата.

Тадичи воопшто не беше задоволен од нејзината игра во одбраната. При нејзиното исклучување, тој ја фати за рака, влезе во мала расправија и нагло ја турна кон резервната клупа.

Ваквото однесување на познатиот тренер од Романија не е воопшто за изненадување. На почетокот на месец септември, поради навреда кон неговите ракометарки за време на тајм-аут, ракометната федерација на Романија одлучи да го казни со парична сума од 200 евра и суспензија од осум натпревари.

Ги навредуваше ракометарките, па си заработи суспензија