Ќе биде пеколна сезона – Вардар против ПСЖ, Келце, Порто, Пик Сегед, Флензбург…

Раул Гонзалес и Даинис Кристопанс ќе дојдат во Скопје и ќе бидат ривали на Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите. Ждрепката денеска му го донесе шампионот на Франција на тимот на Вардар во натпреварите од групната фаза.

Вардар беше првиот тим кој беше извлечен, а потоа откако Барселона се најде во Групата Б, ПСЖ беше следниот ривал. Со оглед на тоа што Веспрем се најде во другата група стана јасно дека Пик Сегед ќе биде исто така ривал на Вардар во групната фаза од ЛШ.

Сместувањето на Кил во Групата Б го донесе и Флензбург, а ждрепката сакаше одново Келце и Порто да се најдат во групата на „црвено-црните“, па јасно е дека ова ќе биде интересна сезона во која во Скопје одново ќе се гледаат силни натпревари.

ГРУПА А: Вардар, ПСЖ, Келце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум, Флензбург.

ГРУПА Б: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор Запорожје, Целје, ППД Загреб.