Ќе биде жешко во Битола – билетите распродадени за 17 минути!

В сабота во „Боро Чурлевски“ ќе се игра најголемото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што ќе го даде шампионот на Македонија.

Билетите се продаваа на билетарницата на спортската сала во Битола и беа распродадени за 17 минути.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в сабота од 19:00 часот, а ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

На првата средба во Скопје, убедливо славеа „црвено-црните“ со 31-24.