Јуниор се разигра, освои три бода против КЛ 7

Ракометарите на КЛ 7 остануваат без плеј-оф откако забележаа втор пораз во серија, па после загубениот дуел од Струга денеска претрпеа пораз и на гостувањето кај Јуниор Кисела вода. Домаќинот на оваа средба се избори за победа од 35:25 со што сега станува интересно.

Овој натпревар се очекуваше да биде многу поинтересен, но работите беа одлични за Јуниор Кисела вода. Откако дваесетина минути натпреварот беше возбудлив дојде до далеку подобар тек за домашните. Јуниор тргна решително и во финишот од првите 30 минути стигна до голема предност.

После 9:8 се стигна и до плус осум, а Јуниор Кисела вода имаше 16:8. Сепак, гостите намалија па на одмор беше 16:10.

Второто полувреме донесе уште подобра игра од домашниот состав. Ракометарите на Јуниор Кисела вода влегоа во вторите 30 минути уште посилно и почнаа да ја зголемуваат предноста која до крајот од натпреварот стана и двоцифрена.

Гостите кои беа без првиот голман Петковски не успеваа да парираат и многу лесно отидоа во двоцифрена негатива. Тоа овозможи да се дојде до изненадувачки резултат кој на крајот беше изразен со огромна предност за домашниот тим. Јуниор Кисела вода доминираше и дојде до три бода победувајќи со 35:25 и успеа теоретски да ги задржи шансите за плеј-оф.

4 декември 2020
35 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
4 декември 2020 20:27 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 04.12.2020 60'

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.1635Победа
ГОЛДЕН АРТ1025Пораз

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Намик Османлево крило01
4Марко Трајковскипивот01
7Бојан Маневцентрален бек36
8Кирил Пешкирскилево крило01
12Александар Стојаноскиголман00
23Стефан Стојановскилев бек07
24Немања Милутиновиќлев бек25
30Антонијо Пешевскилево крило00
88Томче Трајчевскипивот17
97Жарко Барјактаревиќдесен бек27
 Вкупно 835

ГОЛДЕН АРТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Дејан Џигероскицентрален бек00
5Александар Стојковдесно крило15
6Филип Крстескипивот00
7Никола Цветаноскилев бек02
8Андре Буторацдесен бек15
10Симон Гуческилево крило01
12Митко Петрескиголман00
14Кристијан Симоноскипивот03
17Божидар Илиескицентрален бек02
19Мартин Димовскидесен бек01
20Виктор Василевскиголман00
22Евгениј Темелкоскидесно крило00
23Емилијан Ѓорговскилев бек02
24Олег Јордановлев бек00
26Марко Стојковиќпивот00
31Глигор Гајиќцентрален бек04
 Вкупно 225

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
КИМОВСКИ ЗОРАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115