Јуниор Кисела Вода преку Прилеп скокна на 2. место

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода обезбедија големи три бода во 9. коло од Групата 1 во Првата машка лига откако успеаја да го надиграат составот на Прилеп на домашен терен и да го совладаат со 35:29.

На овој дуел се очекуваше многу поголема неизвесност, но одбраната на домашните заврши добра работа во првото полувреме. Успеа после испитувањето на силите до 7:7 набрзина да дојде до 10:7 и овие три гола без поголеми проблеми да ги одржува до крајот на првото полувреме. На одмор се замина и со повисока предност од 18:13.

Во вториот дел од натпреварот разликата постојано се движеше од шест до осум погодоци. Прилеп се обидуваше да се доближи, но имаше многу грешки за да може да се надеваат за нешто повеќе на овој двобој, па затоа мораа да се помират со нов пораз после кој паднаа на 3. место.

За тимот на Јуниор Кисела Вода оваа победа беше значајна бидејќи со неа успеа да се искачи на 2. позиција и во вториот дел од сезоната од Групата 1 влага од одлично место со големи шанси за обезбедување на плеј-оф.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ПРИЛЕП          35:29 (18:13)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Затаракоски, А. Костадиновски, Витанов 14, Благопетров 2, Крстевски 2, Јордановски, Чапов, Трајковски 4, Јаховиќ 3, Р. Костадиновски, Крстов 1, Башевски 8, Тодоров, Атанасовски, Трајчевски 1.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 10 мин.

ПРИЛЕП: Ивчески, Ангелески, С. Христоски, Дукоски 2, Вренцоски, Пајкоски 5, Бикоски 2, Трајкоски 4, Џ. Христоски, Попов 11, Бурчески, Конески, Карафилоски, Јанески 5, Дебрешлиоски.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.