Јуниор КВ со триумф над Куманово го одржа чекорот со водечките

Ракометарите нa Јуниор Кисела Вода остварија нов триумф во Првата лига откако на домашен терен беа подобри од тимот на Куманово со 22:18.

Натпреварот го одбележа слаба ефикасност на двете страни, Јуниор КВ одлично започна и рано создаде високо водство од 8:1. До крај на првото полувреме Куманово не успеа да ја намали негативата и губеше 16:10.

Во второто полуреме беа постигнати уште помалку голови, Јуниор КВ без поголеми проблеми успеа да стигне до победата. Домаќините иако постигнаа само шест гола во продолжението усеја да ги освојат бодовите.

Најефикасен во победничкиот тим беше Горан Печенковски со пет погодоци, а Дарио Симоноски постигна четири гола. Во тимот на Куманово со по три гола најефикасни беа Виктор Петковски, Дарко Костовски и Дарко Димковски.