Јубилеј со дерби триумф – Митревски и Порто ја срушија Бенфика!

Тимот на Порто со Никола Митревски на голот, го доби португалското дерби со освојувачот на трофејот од Лигата на Европа, Бенфика, откако славеше на домашен терен со 33-29.

Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога Порто имаше предност од пет погодоци, 19-14.

Македонскиот чувар на мрежата ја подели минутажа со Себастијан Франдсен и успеа да одбрани четири удари на ракометарите на Бенфика.

Митревски прослави и мал јубилеј во дресот на португалскиот првак токму против неговиот поранешен клуб – мечот со Бенфика беше негов стоти настап за Порто.