Јотиќ: Заслуживме најмалку бод од дуелите со ПИК Сегед

Вардар загуби вторпат во пет дена од унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, овојпат со 34-33.

Еден од подобрите во првиот дел против домашниот тим беше Ловро Јотиќ. Хрватот вели дека нашиот тим сепак заслужил барем бод од овие две пресметки.

„ПИК Сегед ги доби двата натпревари со нас, а ние заслуживме барем еден бод на овие средби. Имавме две добри полувремиња на двата меча, но во вторите полувремиња правевме глупави грешки, посебно во нападите кога игравме седум на шест. Мора да продолжиме понатаму и се надевам дека ќе освоиме бодови на следните натпревари“, изјави Јотиќ.

Следните два меча, Вардар ќе ги игра на домашен терен против норвешкиот првак Елверум.