Јоновски, Петковски, Миркуловски…македонски легенди наскоро со Мастер Коуч лиценца

Хрватскиот ракометен Сојуз во соработка со Европската ракометна федерација го организира курсот за добивање на Мастер Коуч лиценца.

Петмина поранешни репрезентативци и една екс репрезентативка од утре, ќе започнат да ги слушаат онлајн предавањата на првиот модул. Станува збор за Ацо Јоновски, Зоран Петковски, Влатко Митков, Горан Кузманоски и Филип Миркуловски, како и Билјана Црвенковска.

Поради епидемиолошката ситуација предавањата се онлајн, а потоа ќе бидат познати и термините за вториот и третиот модул. По 160 часа предавања, сите кандидати ќе треба да го одбранат својот труд.

Во исто време во Србија, уште шестмина тренери ќе ги слушаат предавањата од вториот модул на курсот што го организира РСС – Ице Соколески, Андријано Котевски, Игор Котевски, Андријана Будимир, Божиидар Мојсов и Кире Атанасовски.