Јоновски за 24Ракомет: Чест ми е што Лазаров ме побара за соработник, можам многу да дадам за репрезентацијата

Еден од столбовите во одбраната на репрезентацијата на Македонија во минатото, Ацо Јоновски е еден од помошниците во стручниот штаб на новиот селектор Кире Лазаров.

Јоновски во краток разговор за 24Ракомет објасни за понудата од новиот селектор и што е најважно за селекторскиот тим да функционира беспрекорно.

„Повикот од Кире се случи после првенството во Египет, кога беше објавено дека Данило Брестовац, наш долгогодишен пријател беше сменет. На Кире му беше понудено селекторското место, веројатно тој си размислувал за кои ќе му бидат негови помошници. За мене тоа е многи важна работа, зошто и јас самиот сум тренер тука во Германија и знам колку е важно да имаш вистински луѓе околу себе. Пред сè да имаш лојални и чесни луѓе кои ќе ја работат задачата дадена од главниот тренер. Важно е кој е првиот тренер, но исто така се важни и помошниците. Добро размислив пред да ја прифатам понудата, чест ми е што Кире Лазаров ме побара за соработник во неговиот тим. Секогаш сум тука за репрезетнацијата и можам да дадам многу, така беше и кога бев играч и сега како тренер“, рече Јоновски.

Новиот помошник во стручниот штаб на репрезентацијата уште еднаш потврди дека секогаш е тука за Македонија и секогаш ќе биде така.

„Бев и играч и тренер во исто време во Ратинген, тоа е сосема различно и воопшто не е едноставно. Фокусот треба да се насочи не само на себе туку и на плус 20 играчи. Тренерската работа како играчи ја сфаќаме на друг начин, некои работи кои сега ме нервираат кај играчите и јас додека сум бил играч можеби несвесно сум ги правел. Размислував многу, морав да се консултирам и тука со мојот клуб во Германија, во разговор со луѓето од клубот и со Кире дојдовме до заклучок дека можам да дадм мој придонес. Уште еднаш ќе кажам, ќе се трудам да го дадам најдоброто за репрезентацијата“.

Задачите кои ќе ги извршуваат членовите од тимот не се познати сè уште, но се очекува во следните денови да се знае кој за што ќе биде задолжен.

„Сè уште не сме зборувале за детали, доста работи треба да се инализираат. Јас сум доста зафатен, а исто така и Кире со настапите во Лига на шампиони и доста патува. Во овој момент е малку тешко, но наредната недела би требало доста работи да се искристализираат и да ги добиеме задачите од Кире“, вели Јоновски.

Тој долги години беше столбот пред голот на Македонија, но јасно е дека на нашата селекција и фали играч со такви дефанзивни квалитети.

„Има доста ракометари кои можат да бидат мои наследници, има доста работи кои можат да се подобрат кај играчите. Сликата што ја видовме во Египет не е реалната за македонската репрезентација, сметам дека има доста квалитетни играчи кои треба се воведат во некој систем за да вроди со плод за понатаму како долгорочен проект“, заврши Јоновски.

Првите предизвици за новиот селектор и неговите соработници ќе биде двомечот со светскиот првак Данска на 11 и 14 март, во рамките на квалификациите

Mускетарите на Лазаров – Докажани борци за Македонија, со богато ракометно CV

Кире Лазаров со четири помошници, Миркуловски тренер-играч