Јовиќ: Купот е ракометен празник, се игра меч на кој нема поправен!

Денеска во просториите на РФМ беше извршена ждрепката за полуфиналето во Купот на Македонија.

Тимот на Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Пролет, а тренерот Александар Јовиќ вели дека се игра еден меч на кој нема поправен.

„Купот на Македонија секогаш бил и треба да остане ракометен празник. Еден меч во кој нема поправен, и секоја топка е важна. Некои можеби сметаат дека имаме лесна ждрепка, и ние сме фаворити. Напротив, ние кон нашиот ривал гледаме со голем респект. Пролет е најстар клуб, и последиве години постојано игра важна улога во македонскиот ракомет. Ние ќе се подготвуваме сериозно, и ќе сакаме да го потврдиме нашиот несомнен квалитет. Имаме време да мислиме за Пролет, бидејќи пред нас е друг многу важен натпревар“, вели Јовиќ.

Во второто полуфинале ќе играат Вардар и Алкалоид, а завршниот турнир во Купот во двете конкуренции ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“.