Јованка Радичевиќ прогласена за најдобра ракометарка во Црна Гора

Ракометната федерација на Црна Гора ги одбра најдобрите за 2021 година, а наградата за најдобра ракометарка за оваа година и припадна на поранешната членка на Вардар, Јованка Радичевиќ.

Десното крило на Кастамону беше предводник на црногорската репрезентација на Светското првенство во Шпанија. Радичевиќ на Мундијалот постигна 41 гол и заврши на 8. позиција на листата на стрелци.

Ракометната федерација на Црна Гора за најдобар ракометар реши да го одбере искусниот Вук Латковиќ. Во категоријата за најдобри играчи кои што настапуваат во странство беа избрани Ѓурѓина Јауковиќ од Брест Бретањ и Бранко Вујовиќ од Келце.

Како најдобри млади играчи беа избрани Јелена Вукчевиќ од Будуќност и Радош Премовиќ од Целје.